Трагедија: Познат актер (27) загина во сообраќајна несреќа

Тој глумеше во популарната серија на Нетфликс

Актерот Шанс Пердомо почина на 27-годишна возраст. Британско-американскиот актер загина во сообраќајна несреќа со мотор, а трагичната вест ја потврди и неговиот ПР, јави Би-Би-Си.

Деталите за трагедијата се уште не се објавени.

Неговата кариера одеше по нагорна патека, тој е најпознат по улогата во хорор серијата на Нетфликс „Хилинг Авантурите на Сабрина“.

Тој беше номиниран за најдобар актер на ТВ наградите Бафта за 2019 година за неговата улога во драмата на BCC Убиен од мојот долг.

Роден е во Лос Анџелес, а израснал во Саутемптон.