ТРАГЕДИЈА – ПОЧИНА ХРВАТСКА СПОРТИСТКА (18): Го освои златото пред три месеци, а сега регионот плаче по неа!

Трагична вест за смртта на Ника Бркиќ доаѓа од Хрватска.

Страшна вест доаѓа од Хрватска каде почина Ника Бркиќ . Почина млада 18-годишна каратистка , поранешна вицешампионка на Хрватска, а веста ја потврдија и од Карате сојузот на Хрватска.

Во 2018 година беше втора во Хрватска, а пред само три месеци го направи еден од најголемите успеси во кариерата и го освои златниот медал на Дарфест во Дарувар. Веста стигна од нејзиниот дом во Винковци.

„ Со зборови тешко може да се искаже болката што ја чувствуваме поради загубата на нашата сакана Ника Бркиќ. Ника не беше само врвен каратист, туку и личност која шири позитивна енергија околу себе. Ќе ја паметиме по нејзината посветеност на спортот и нејзината големина. Нека нејзината душа најде мир, а нејзиното семејство и пријателите да најдат сила во заедништвото. Нашите мисли се со вас во ова тешко време на загуба. Почивај во мир драга Ника “, се вели во соопштението на Хрватскиот карате сојуз.