ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ТАТКО НА ТРИ ДЕЦА: Остатоци пронајдени во утробата на ајкула – застрашувачки е она што го кажа полицијата (ФОТО)
Полицијата се уште не знае што точно се случило.
Остатоците на мажот кој исчезна на почетокот на месецов во Аргентина се пронајдени во ајкула, пренесува Sky News. Диего Бариа, 32-годишен татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози својот теренец во близина на брегот на јужната аргентинска провинција Чубут.
Во неделата рано наутро, двајца рибари пријавиле на локалната крајбрежна стража дека фатиле три ајкули во близина на местото каде што било пронајдено возилото на Бариа.
Данијела Милатруз, полицаецот задолжен за потрагата по него, изјави за локалните медиуми дека рибарите рекле дека „кога ги чистеле ајкулите, во една од нив пронашле човечки останки“.
По несреќата телото го одвлекле ајкули?
-Семејството на Барија го препозна благодарение на тетоважата која беше видлива на еден од остатоците од телото – додаде таа. Ќе следи ДНК анализа за да се потврди идентитетот на мажот.
Оштетеното возило на Бариа било пронајдено на плажа во близина на Рокас Колорадас два дена откако исчезнал. Полицијата се уште не знае што точно се случило.
– Претпоставуваме дека Диего доживеал сообраќајна несреќа и завршил во морето, а бидејќи тој викенд имало плима, телото најверојатно го одвлекле ајкули – соопшти полицијата.