Трагична судбина на хрватскиот фудбалер: Беше пред прагот на Реал Мадрид, дознал дека не е татко на детето што го родила неговата девојка, па се обесил (видео)

Пред 24 години светот на фудбалот го потресе тажна вест.

Мирко Шариќ, 21-годишен фудбалер по потекло од Хрватска, крена рака на себе.

Мирко и неговиот брат Мартин израснале во Аргентина и настапувале под знамето на оваа земја.

Како момче, Мирко се приклучи на младинскиот тим на Сан Лоренцо, а подоцна беше препознаен како голем талент и набрзо, во 1996 година, заигра за првиот тим на големиот аргентински клуб.

Неговата кариера тргна по молскавично нагорна патека, а круна на сето тоа беше поканата за младата репрезентација на Аргентина, за која одигра седум натпревари и постигна два гола.

Меѓутоа, во декември 1999 година, Шариќ ги повреди лигаментите на левото колено и од тој момент неговиот свет почна да се распаѓа.

Единствениот момент на радост му се случил на приватен план, кога неговата девојка со која се забавувал му рекла дека е бремена и дека ќе го роди неговото дете. Бил исклучително среќен, а насмевката не можеше да му ја одземе ниту сообраќајна несреќа ниту неуспешниот трансфер во Реал Мадрид и повредата.

Неговата мајка Ивана сепак сакала да направи ДНК тест за да провери дали детето е негово, бидејќи девојчето кога го немал Мирко се дружела со други момци и излегувала.

Сомнежот го потврди и неговиот брат Мартин.

– Се забавуваа речиси една година. Порано излегував во градот и ја гледав со други момци. Разговарав со Мирко за тоа, многу се расправавме. Разбрав дека е заљубен, но како брат морав да му ја кажам вистината, иако ме боли. Секако, и тој имаше сомнежи, бидејќи се врати од Јапонија каде играше за младинската репрезентација на Аргентина, а датумите не се поклопија. Кога „се случило“ зачнувањето, тој бил во Јапонија – изјавил Мартин.

Мирко го направил тестот заедно со бебето и девојката и се покажало дека детето не е негово. Она што следеше беа месеци на лудило и разговори, како и целосна депресија.

Тој со родителите отишол кај таткото на девојчето и го кажал првото нешто што му паднало на памет.

– Знаете дека нема да го прифатам тоа дете бидејќи не е мое – рече Мирко.

Од друга страна, тој доби тотално неочекуван одговор.

– Знаеш, Мирко, сигурно си згрешил некаде – кратко рекол таткото на девојчето.

После тоа, тие заминале дома и никогаш повеќе немале контакт со девојката или нејзиното семејство.

Младиот фудбалер не можел да го преболи тоа што му се случи и да продолжи да живее. Не помогнаа ниту советите, ниту љубовта кон семејството, ниту разговорот со главниот тренер на Сан Лоренцо, легендарниот Оскар Руџиери, кој му препорачал да оди на психијатар.

Една ноќ го нашле во собата. Тој не давал знаци на живот. Се пресуди себеси со бесење.

Младиот живот и потенцијално одличната кариера беа згаснати.

Кобниот 4 април 2000 година во Сан Лоренцо е запаметен како денот кога голгетер реши да се обеси поради тага.

,,Еден од проблемите на мојот брат секогаш беше тоа што не можеше да разбере дека има луѓе кои намерно ги повредуваат другите без да размислуваат за последиците. Тој навистина не можеше да го разбере злото”, рекол Мартин во едно интервју.