Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда на вечера во Њујорк. Контроверзниот состанок ќе се одржи во момент додека лидерите на ЕУ се подготвуваат за можноста за враќање на Трамп во Белата куќа и можните последици по НАТО и финансирањето на Украина, која се брани од руската инвазија.
Во соопштението за медиумите советничката на полскиот лидер Малгожата Папрочка изјави дека „денес нема поважен партнер на Полска во меѓународните односи од САД и токму во тој контекст треба да се набљудува овој состанок“.
Дуда долго време го изразува своето воодушевување од Трамп, во еден момент сугерирајќи дека американската воена база во Полска, земја која е еден од најверните сојузници на Америка, може да се нарече „Тврдина Трамп“, иако до тоа никогаш не дојде. Кога Дуда се кандидираше за реизбор во 2020 година, Трамп го угости во Белата куќа, со што му даде поддршка.
Полскиот премиер Доналд Туск, противник на Дуда, го критикуваше претседателот за неговата подготвеност сега да се сретне со Трамп, опишувајќи го состанокот како форма на мешање во изборната кампања во САД