Врховниот суд во Колорадо одлучи дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да се кандидира на следните претседателски избори, повикувајќи се на уставна клаузула за бунт.
Судот одлучи дека Трамп не е соодветен кандидат, бидејќи бил вклучен во бунтот, за време на немирите што се случија во американскиот Конгрес, пред три години.
Кампањата на Трамп ја нарече одлуката недемократска и вети дека ќе ја обжали.
Ова е првпат клаузулата од 14-от амандман на Уставот на САД да се толкува за дисквалификување на претседателски кандидат.
Слични обиди за соборување на Трамп во Њујорк, Минесота и Мичиген не успеаја.
Одлуката од вторник – која е ставена во мирување во очекување на жалбената одлука следниот месец – не се однесува на други држави освен Колорадо.
Одлуката се однесува само на прелиминарните избори на 5 март, кога републиканците гласаат за претпочитаниот претседателски кандидат, иако одлуката би можела да има влијание врз општите избори во САД, кои ќе се одржат во ноември следната година.
Судиите рекоа дека таквите одлуки не се земаат лесно.
„Свесни сме за обемот и тежината на прашањата пред нас.
Одлуката ја поништува другата пресуда на судијата во Колорадо, кој пресуди дека забраната спомената во 14-тиот амандман не се однесува на претседателите бидејќи тие не се конкретно споменати таму.
Истиот судија утврди дека Трамп учествувал во бунтот против Конгресот.
Неговите поддржувачи се бунтуваа на 6 јануари 2021 година во оваа зграда, додека пратениците ја потврдуваа победата на актуелниот претседател Џо Бајден.
Претставниците на кампањата на Бајден не ја коментираа одлуката во Колорадо.
Во моментов, Трамп се соочува со четири кривични случаи во судовите, вклучително и федерален случај, и уште една тужба во државата Џорџија, поврзана со сомневањата дека се обидел да го поништи изборниот резултат.