Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп му честиташе на рускиот лидер Владимир Путин за договорот за размена на затвореници со голем број западни земји.
Трамп им рече на приврзаниците во Атланта, Џорџија дека Путин „заврши уште една одлична работа“, пренесе ТАСС. Сепак, според Трамп, договорот е ужасен за Вашингтон.
– Ги вративме нашите луѓе, но направивме страшни договори – нагласи Трамп.
Руската Федерална служба за безбедност ФСБ на 1 август извести дека осум руски државјани приведени или осудени во неколку земји на НАТО, како и двајца малолетници, се вратиле дома по размена на затвореници на аеродромот во Анкара.
Еден од сменетите е рускиот државјанин Вадим Красиков, кој издржуваше доживотна казна затвор во Германија. Русите биле разменети за група поединци кои дејствувале во интерес на други земји.
Според американскиот претседател Џозеф Бајден, Русија ослободила 16 лица како дел од размената на затвореници, меѓу кои и поранешниот американски маринец Пол Вилан и новинарот на Вол Стрит Журнал Еван Гершкович, осудени за шпионажа во Русија.