Трамп: Наскоро ќе биде потпишан договор за ретки метали со Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп најави потпишување на договор за ретки метали со Украина.

„Една од работите што ги правиме е потпишување договор, многу кратко, во врска со ретките метали со Украина кои имаат огромна вредност.”

Американскиот претседател го коментираше мировниот договор меѓу Русија и Украина.

„Добро ни е кога станува збор за Украина и Русија“, рече тој, мислејќи на разговорите со Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Би сакале таа војна да заврши и мислам дека работиме прилично добро во тој поглед.”

Тој вели дека верува дека „ќе се договориме“.

Киев постигна договор со Вашингтон за експлоатација на минерални суровини, што украинските власти го гледаат како можност да ги подобрат односите со администрацијата на Доналд Трамп и да го отворат патот за долгорочна безбедносна соработка со САД.