Трамп нема да може јавно да зборува за доказите во постапката против него

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да може јавно да зборува за одредени докази во кривичната постапка против него за наводно тајно плаќање на порно актерката Сторми Даниелс, изјави судијата на Менхетен, Хуан Меркан.

Тој додаде дека ограничувањето ќе важи само за доказите што ги собра обвинителството и му беа предадени на поранешниот американски претседател за да се подготви за судењето.

„Нема да направам ништо што би го нарушило неговото право за прв амандман“, рече судијата Меркан.