Трамп: САД ќе останат во НАТО доколку земјите од ЕУ се однесуваат праведно кон Америка

 – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе останат во НАТО „ако земјите од ЕУ се однесуваат праведно кон Америка“.

Во интервју за Џи-Би Њуз (GB News), Трамп ги осуди земјите од ЕУ за „искористување на (актуелната) ситуација“ и им рече да платат доколку сакаат загарантирана поддршка од САД.

– САД треба чесно да го платат својот дел, но не и уделот на сите други членки, рече поранешниот американски претседател.