Трамп ѝ се заканува на Европската Унија со царини од 50 проценти: „Основани сте за да ја експлоатирате Америка“ (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на царини од 50 проценти кон Европската унија од 1 јуни.

„Европската Унија, која беше основана првенствено со цел да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нивните силни трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, монетарни манипулации, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго, доведоа до трговски дефицит со САД од повеќе од 250 милијарди долари годишно – бројка што е целосно неприфатлива“, започна Трамп.

Потоа кажа каков е неговиот план!

„Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа препорачувам воведување на рамна царина од 50% за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производите што се произведуваат или склопуваат во Соединетите Американски Држави, царината не се применува. Ви благодарам за вниманието“, напиша Трамп.