Трансродова жена за прв пат избрана за мис на Португалија: Со години не можела да учествува 

Таа има 28 години и ја освои титулата во четвртокот на престижниот избор за убавина.

Марина Мачете е првата трансродова жена која ја освои титулата Мис на Португалија и ќе се натпреварува со уште една трансродова жена, Мис Холандија, на изборот за Мис Универзум во Ел Салвадор.

„Горда сум што сум првата трансродова жена која се натпреварува за титулата Мис на Португалија. Со години не ми беше можно да учествувам, а денес сум горда што сум дел од оваа неверојатна група финалистки кои се натпреваруваат за титулата Мис на Португалија. “, напиша таа на социјалните мрежи пред натпреварот и пред да ја добие престижната лента.

Холанѓанката Рики Коле стана првата трансродова жена која ја освои титулата Мис на Холандија во јули.