Орбан: Не сакате руско? Јасно е на кого треба да се обратиме

Азербејџан е многу важна земја за енергетската независност на ЕУ, бидејќи блокот се обидува да го прекине своето потпирање на руските енергетски извори.

Така изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Teletrader.

„Азербејџан е клучна земја. Без Азербејџан не можеме да имаме енергетска независност“, рече Орбан по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Гранада, Шпанија.

Тој додаде дека ако ЕУ „сака да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори, потребен е Азербејџан, сето тоа е јасно“.

Претходно, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при пристигнувањето на состанокот изјави дека е пријатно изненадена од успешното искоренување на зависноста на ЕУ од руските горива.

„Неверојатно е да се види како се ослободивме од зависноста од руските фосилни горива, како и од огромен чекор напред во инвестирањето во обновливи извори на енергија“, рече таа.

Урсула фон дер Лајен нагласи дека прашањата за одбраната, синџирите за снабдување со енергија и миграцијата исто така ќе бидат теми на разговор на средбата.