ТРАНСФЕР НА ГОДИНАТА – ГОТОВО Е: Хари Кејн потпиша за Баерн во трансфер вреден 125.000.000 евра!

Една од најголемите трансфер саги за ова лето е готова, Хари Кејн е нов играч на Баерн Минхен.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем претходната ноќ пристигна во Минхен, каде одработи медицински прегледи и потпиша договор. Тотенхем ќе инкасира за овој трансфер 100 милиони евра, а останатите 25 милиони ќе биде дел од одредени бонуси.

Хари Кејн годишно ќе заработува по 25 милиони евра и ќе биде најплатен фудбалер во Бундеслигата во историјата.

„Поздрав и топло добредојде за Хари Кејн. Капитенот на Англија сега е член на Баењрн Минхен, потпиша договор до 2027 година со клубот“, стои на сајтот на Баерн Минхен.

Иако пред само еден месец се веруваше дека Кејн може да заврши во Манчестер Јунајтед, сепак, Баерн Минхен беше клубот кој повеќе го посакуваше овој играч и на крајот се договорија со Даниел Леви.