Трајан Димковски: “На почеток на жетвата поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз“

На самиот почеток на жетвата со нови мерки за поддршка за пченица и јачмен повторно излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците“, изјави денеска Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Креираме нова мерка за поддршка на пченицата: дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица во период до 31. август 2023 година. Со овие мерки производителите на пченица, добиваат дополнителна поддршка, но ги полниме и домашните капацитети со домашно производство. Креираме и мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. За производителите на житни култури, обезбедуваме финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година и го зголемивме рокот за предавање. Наместо од 1. август, ќе почнува од 15. јуни и ќе трае до 1. септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство. Ова значи дека сите кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината. Очекуваме зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник“, изјави тој.

Се предвидува и нова подршка за проиводителите на ориз.

Преку измените, висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал“, вели тој.

Димковски оцени дека националниот план за производство на храна го дал посакуваниот резултат и ги остварува зацртаните цели. Тој потсети и дека навремено се исплаќаат субвенциите, а за шест месеци исплатени се 5,5 милијарди денари за субвенции за полјоделците, тутунарите, лозарите, овоштарите, оризарите, сточарите и млекопроизводителите.