ВИДЕО | НОВ СКАНДАЛ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО – Португалецот не бираше зборови и жестоко го нападна судијата во Саудиска Арабија: “Кучкин син! Секогаш си против мене!“

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, но тој често беше главна тема во медиумите и јавноста поради неговото разгалено и арогантно однесување и скандалите.

Тој продолжи во негов стил и по преселбата во Саудиска Арабија – доминација на теренот, но и постојани напади врз сите кои не му одговараат. Така беше и на последниот натпревар во кој неговиот Ал Наср го победи Ал Шабаб со 4:0 каде Кристијано Роналдо постигна два и асистираше за еден гол, но ќе остане запаметен по неговиот жесток напад на судијата на овој натпревар.

Несреќниот судија Исмаил Елфат по прегледувањето на видеото од ВАР го поништи голот на Кристијано Роналдо при резултат од 1:0, а Португалецот лут и разочаран му извика низа пцовки.

Кучкин син!“, му рекол на шпански јазик, а потоа продолжи на англиски: „Секогаш си против мене! Секогаш против мене!“.