Трајковски по деби голот за Хајдук: Се надевам ќе ги има што повеќе

– Се надевам дека ќе ги има што повеќе, изјави македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски откако синоќа го постигна својот дебитантски гол во дресот на хрватскиот прволигаш Хајдук и му донесе важна победа на својот тим во дуелот против Рудеш во рамки на 14. прволигашко коло.

Трајковски беше прецизен во 47. минута во својот шести натпревар за Хајдук, откако на 15 септември потпиша двегодишен договор со клубот од Сплит.

-Бевме под притисокот од противникот, но мислам дека е најважно што го добивме натпреварот и ги освоивме трите бодови. Мора да продолжиме да победуваме и да освојуваме бодови. Среќен сум што го постигнав својот прв гол за овој клуб. Се надевам дека ќе ги има што повеќе, рече Трајковски по натпреварот.

Хајдук е второпласиран на табелата, со ист број бодови (27), но послаба гол – разлика од лидерот Риека.