Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски си најде место во тимот на колото во Саудиска Арабија.
Напаѓачот беше стрелец на единствениот погодок на Ал Фејха на гости кај Ал Тавон (1-1), со што донесе бод за својата екипа. Покрај тоа, Трајковски покажа солиден перформанс на теренот, па си заработи место меѓу најкорисните фудбалери оваа рунда.
Покрај Трајковски, во тимот на колото имаше место и за најголемата ѕвезда во тамошното првенство, Кристијано Роналдо. Португалецот даде хет-трик за Ал Наср, па не изненадува што го предводи тимот.