Тревис Келс открива дека пролеал неколку солзи додека ја запросил Тејлор Свифт: „Јас сум емотивен човек“ (видео)
НФЛ ѕвездата Тревис Келс сподели емотивни детали од неговото запросување за Тејлор Свифт во интервју за НФЛ на ФОКС, признавајќи дека пролеал неколку солзи додека клекнал пред неа.
Имено, Тревис Келс им откри на гледачите на НФЛ на Фокс дека е многу емотивна личност.
„Јас сум емотивна личност, па имаше неколку солзи тука и таму, но досега беше возбудливо патување и едвај чекам да го поминам остатокот од мојот живот со неа“, рече Келси.
Непосредно пред да праша за свршувачката, водителката Ерин Ендрус го праша колку всушност го прави среќен Тејлор Свифт.
„Таа донесе возбуда и радост во животот што ме направи подобар човек, подобра личност и ме направи да се чувствувам многу поудобно во тоа што сум“, рече тој.
За потсетување, Свифт и Келси се заедно од 2023 година, а нивната врска го привлекува вниманието на јавноста уште од самиот почеток. Свршувачката се одржа во романтична градина, меѓу аранжмани од розови, бели и црвени цвеќиња, каде што беа направени и првите официјални фотографии од свршената двојка.
Нивната љубовна приказна започна во септември 2023 година, кога за прв пат беа видени заедно по натпреварот на Канзас Сити Чифс против Чикаго Берс. Во тоа време, медиумите открија дека Келс се обидел да ѝ подари на Свифт нараквица за пријателство со неговиот телефонски број на неа, но неговиот план тогаш не успеал.