– Треил трка за вино и љубов се организира во Неготинско, во февруари, или, како што велат организаторите, во месецот на виното и љубовта.
– На 18 февруари организираме интересна треил трка. Во месецот на љубовта и виното да се сакаме најмногу себеси. Во живописната природа на неготинскиот крај, каде природата раскошно ги распослала своите дарови, да ја заситиме својата желба за трчање и уживање, нагласуваат организаторите на еднодневниот настан.
Притоа нагласуваат дека активностите се во чест на верскиот празник Свети Трифун што се смета за заштитник на лозарите и винарите. Ќе се наздрави со вино, но и мезе за душа од локалните специјалитети.
Организатор на настанот е ДЕКОНУС ДООЕЛ Скопје, со поддршка од неготинскиот планинарски спортски клуб „Free hikers” и Локална самоуправа Неготино.