Трендафилов: Опозицијата и власта не преземаат чекори за енормното зголемување од 78 отсто на платите на функционерите

Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, рече дека е многу чудно што функционери и од опозицијата и од власта не преземаат никакви чекори за тоа енормно зголемување на платите, тоа го нема никаде во светот.

„За нас е многу чудно што функционери и од опозицијата и од власта не преземаат никакви чекори за тоа енормно зголемување на платите, тоа го нема никаде во светот. Во преговорите го користевме аргументот дека ова покачување е огромно и тогаш и денес им кажав дека тоа е нивниот најголем проблем и дека ќе им го разнесе умот на краток и долг рок.

Во јавниот сектор платите не можете да ги зголемите за 10 отсто, додека платата ви се зголемува за 78 отсто“, изјави Трендафилов за „ТВ21“.

Трендафилов рече дека продолжуваат разговорите функционерите да се откажат од 78 отсто и да се солидаризираат со работниците.