Третата година од бракот е најсреќна, а во оваа година се јавуваат проблеми! Експертите објаснија зошто
Третата година од бракот за паровите кои се уште немаат деца е најдобра бидејќи имаат доволно време да се посветат еден на друг и со нетрпение очекуваат да го прошират своето семејство, тврдат норвешките експерти.
– Сопружниците се доволно долго во брак за да ги запознаат маните и доблестите на партнерот и да ги прифатат, да се сложуваат со нив и да престанат да ги критикуваат за нивните недостатоци, а доколку сеуште немаат деца, најголемиот дел од парите ги трошат на нивните сопствени задоволства. Тие патуваат, излегуваат, си купуваат подароци, се разгалуваат со ситници. Сè е подредено на задоволството, а тие веќе се навикнаа еден на друг – објаснуваат научниците.
Истото истражување покажа дека проблемите во бракот најмногу се јавуваат во петтата година, кога станува се потешко да се воспостави рамнотежа помеѓу обврските околу децата, кариерата и посветеноста на партнерот.
Приоритетите на сопружниците се менуваат на штета на нивната интимна врска .
Студијата откри дека ако бракот трае до седум години, постои голема веројатност тој да биде вечен, односно дека има одличен потенцијал за долгорочна квалитетна врска.