ТРЕТА ФРАНЦУСКА РЕВОЛУЦИЈА !? Дали во Франција сме сведоци на почетокот и пресврт што може да влијае на текот на светската историја ? (видео)

Во Франција, можеби повторно ќе бидеме сведоци на државен удар што може да влијае на текот на светската историја.

Франција – земја позната по својата богата историја на бунтови – минува низ долга серија јавни протести кои се сè поимпресивни по својот размер, со забележлива доза на агресивност кон симболите на богатството и нееднаквоста.

Откако францускиот претседател Емануел Макрон со указ одлучи да ја спроведе пензиската реформа, во која најважна промена е продолжувањето на задолжителниот работен век од 62 на 64 години, гласањето за доверба во парламентот едвај го преживеа само со 9 „дополнителни“ гласови на негова страна. Но, дали Емануел Макрон може политички да преживее масовни протести !?

демонстрации во Париз, Франција

Цела серија странски набљудувачи на социјалните мрежи коментираат дека им се чини дека протестите поврзани со пензиската реформа, а особено оние од понеделник, содржат нешто повеќе од незадоволството на Французите од декретот според кој треба да работат две години повеќе во нивниот живот.

Видео-снимките од одредени сцени од протестот зборуваат за промена на политичката клима во Франција или, подобро кажано, враќање на традицијата на масовни бунтови. Некои изгледаат питоми и умерени но некои не толку…

Она што е интрегирачки во серијата протести што ја потресуваат Франција е фактот дека е сосема очигледно дека Французите треба да го продолжат работниот век за да избегнат големи социјални и финансиски проблеми во иднина, но бројот на луѓе кои силно се противат е толку голем што го поставува прашањето дали е можна некаква реформа која не нуди привилегии туку бара откажување.

Во секој случај, инвазијата во седиштето на модниот бренд Louis Vitton очигледно не е само потреба да се дојде до место каде што инаку никогаш не би отишле, туку и силна волја за промена на воспоставените општествени односи.

Во овој контекст, интересно е што демонстрантите во Париз пред нешто повеќе од една недела го посетија седиштето на BlackRock, иако нејасно е каква врска има оваа локација со продолжувањето на работниот век.