Тригодишниот Ахмед кој ги загуби двете нозе, остана и без своето семејство во израелските напади на Газа

– Тригодишниот Ахмед, кој ги загуби двете нозе, остана и без своето семејство кое е убиено во текот на израелските напади на Појасот Газа.

Ахмед трипати бил изложен на израелските напади. Во еден од нив убиено му е семејството, а при последното бомбардирање остана без двете нозе.

Тригодишното момче се лекува во болница во близина на Каиро, главниот град на Египет.

Четиридневната хуманитарна пауза со посредство на Катар, Египет и САД стапи во сила во петокот, привремено запирајќи ги израелските напади на Појасот Газа.

Израел спроведува немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, станбените објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш се убиени најмалку 14.854 Палестинци, вклучително 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени, информираа здравствените власти во палестинската енклава.