ТРИКОВИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО УКРАСУВАЊЕ НА ПРЕДЈАДЕЊЕ: Ќе изгледа како од најскапиот кетеринг, совршен за ПРОСЛАВА и други свечености
Само следете ги сите чекори од овој водич и вашата маса за славење ќе изгледа скапо и луксузно оваа година
Ретко која голема прослава во Македонија може да помине без традиционален овал со мезе.
Познатото мезе во кој преовладува тенко сечкана шунка, шницла од филе, колбас – кој што сака, незаменливо сирење, кисели краставички и маслинки, на многумина им е омилен, а бидејќи е свечена пригода, треба да се организира убаво и свечено.
За тоа не треба да бидете професионалец, доволно е да најдете добра идеја, одвојте малку време и труд, а успехот е загарантиран!
Денеска ви претставуваме четири прекрасни начини како да склопите предјадење, а кој ќе го одберете зависи пред се од видот и бројот на храната што ќе ја послужите за мезето.
Погледнете како да наредите сувомеснати производи во комбинација со маслинки и сирење, но и како на најубав начин да послужите сирење заедно со салата како кромид и домати…
Одберете го методот на аранжман кој најмногу ви одговара и оваа година сигурно ќе имате мезе кое изгледа како да е уредено од професионалци од најскапиот кетеринг!