Уште еден многу вкусен рецепт за домашен ајвар кој ќе ве воодушеви.
Постојат неколку трикови за полесно лупење на печените пиперки за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките што ги печете, ставете ги во кесичка и врзете ја. Оставете да отстои малку, лушпата сама ќе се одвои.
Замрзнатите печени пиперки може да се излупат без проблем, само треба да се одмрзнат десет минути, да се стават во кеса под млаз топла вода неколку секунди и веднаш да се излупат.
Има уште еден трик, а тоа е печените пиперки веднаш откако ќе ги извадите од рерна да ги покриете со проѕирна пластична фолија, салфетка или крпа или да ги ставите во тенџере и да ги покриете со капак. Оставете ги вака да отстојат околу 15 минути, доколку имате поголема количина можете да го направите и до половина час.
Со покривање на пиперката се создава пареа и вишок течност, што го олеснува лупењето.
Рецепт за ајвар од сецкани пиперки:
Состојки:
15 кг пиперки
2 кг домати
1,5 dcl масло
1 dcl оцет
2 лук
2-3 китки магдонос
сол
малку шеќер
Подготовка:
Печете ги пиперките ден претходно и оставете ги да се исцедат. Следниот ден излупете ги и рачно искинете ги на ленти пошироки или потесни по желба.
Во поголемо тенџере ставете пиперки и излупени и исечкани домати и варете ги на силен оган додека смесата не стане густа. Додадете оцет, масло, сол, шеќер, сечкан лук и магдонос.
Се меша половина час и готовиот ајвар се прелива во стерилизирани тегли, се покрива со капаци и се лади, па се става на темно и ладно место.