Трик за фризура кој најмногу ќе им биде потребен на девојките ова лето: Стилист откри како да го спречите дождот да не направи карамбол од вашата коса! (видео)

Фризер откри генијален трик кој ќе помогне да се спречи влажноста и дождливото време да ви ја уништат фризурата. Сигурно ја имате четката, потребна ви е само уште една состојка!

Временските услови, не само во Македонија, туку и насекаде во светот, се такви што можете удобно да излезете од дома облечен во јакна, шорцеви, чадор и панталони и да ги користите наизменично. Оние кои се малку постари велат дека не се сеќаваат дека времето во јуни некогаш било толку променливо како во 2023 година.

Она што им пречи на жените на ова време, е влажноста која ги уништува и најдобро стилизираните фризури. Што да направите кога влажното време ќе ја претвори убаво и уредно фенираната коса во „карамбол“?

Мет Њуман откри едноставен трик кој помага косата да не ја менува формата и виткањето кога надвор е влажно и дождливо. Сè што треба да направите е да го испрскате лакот за коса на четката и потоа внимателно, нежно и полека да ја расчешлате косата.

„Четкањето на лак за коса ќе го смири и ќе спречи да добие волумен поради влажноста“, објасни тој.

Ако сте под стрес дека ваквото време ви ја расипува фризурата – пробајте!