Трик кој ги спречува бананите да скапат! Сите го имате ова дома, а ќе им го продолжи рокот на траење
Сè што ви треба за да го продолжите рокот на траење на бананите е пластична фолија.
@motherhoodonpurpose How to keep bananas fresh longer! What fruit do you wish lasted longer? #momhacks #over30clubontiktok #sciencefair #justvisiting ♬ original sound – Motherhood On Purpose {Terena}
Бананите се едно од оние овошја кои не можат многу долго да останат свежи на собна температура .
Тиктокер Ема Мејсон откри како ова овошје да трае подолго.
– Бананите произведуваат гас етилен, а тој процес продолжува и откако ќе се наберат, а тоа е причината што брзо созреваат и ја менуваат бојата – објасни тиктокерот.
Сè што е потребно за да се спречи овој процес е да ги завиткате врвовите на бананите во пластична фолија. За најдобри резултати, извртувајте ја секоја банана поединечно.
Исто така, за бананите да останат подолго свежи, можете да ги ставите во фрижидер и да останат свежи уште неколку дена, бидејќи пониската температура го забавува нивното созревање. Дури и да ја сменат бојата, плодот ќе биде добар.
Од друга страна, зелените банани оставете ги надвор да созреат правилно.
Како тоа изгледа во пракса погледнете во видеото на почетокот на текстот.