Трипуновски: Да се пушти вода во Светиниколско, земјоделците да се ослободат од воден надомест за 2023 година
Денеска сме овде на овој протест да им дадеме поддршка на земјоделците кои што си ги бараат своите права.
Во услови кога браната Калиманци е полна, во услови кога вода треба да има до секоја површина ние имаме празни полиња, меѓутоа она што е алармантно, покрај што нема вода, во услови на ваква суша и на ваква катаклизма, Владата носи одлука за зголемување на водниот надомест и таа одлука е објавена во Службен Весник на 11-ти јули.
Во оваа одлука на цела територија на Република Македонија се зголемува водниот надомест во просек за 70%, тоа значи дека овие земјоделци покрај тоа што го изгубиле својот род на крајот од годината ќе треба да платат за 70% повисоки сметки.
Ова е крајно неодговорно и затоа го повикувам министерот и целата Влада, уште веднаш да се направи план да се пушти вода и да се спаси она што остана да се спаси на овие полиња, дополнително да се ослободат овие земјоделци од воден надомест за 2023 година затоа што штетата е неминовна. Лоша беше жетвата, лоша е и пченката, и луцерката, се е лошо во овој регион, односно земјоделците ќе треба да платат само кон државата, а ништо нема да можат да земат за да ги прехранат своите семејства.
Значи овој несериозен однос треба да престане, треба да се одважат овие функционери кои што живеат на државен трошок и да излезат на терен и да го решат проблемот.
Им порачувам на сите земјоделци добро е што оваа Влада и се бројат деновите од своето владеење и дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците, односно ВМРО-ДПМНЕ има план како во иднина вакви ситуации да не се случуваат ширум Република Македонија.