Три вдовици го закопаа истиот маж, а потоа на изненадување на сите го направија ова! Да не знае човек дали да се прекрсти со лева или со десна рака!

Погребот, кој се одржа пред пет дена на градските гробишта Чачак, предизвика невиден интерес кај жителите на градот на Морава, но и на цела Србија.

Српски Курир објави дека на погребот на Чачанин, кој починал на 54-годишна возраст, сите три негови сопруги, една сегашна и две поранешни, примале сочувство, држејќи се за рака и тешејќи се една со друга. Таа сцена не ја пропушти никој од роднините и пријатели, па приказната брзо се прошири, а се уште се раскажува.

А она што следеше по погребот ги подгреа чаршиските приказни.

-Да не видев се со свои очи и да не научив некои работи од моите блиски луѓе, немаше да верувам дека тоа може да се случи – изјавил еден од роднините:

Еј, можеш да помислиш каков човек навистина беше тој што ги соедини своите три жени кои дојдоа заедно со нивните деца да го испратат во вечното почивалиште. Некои едвај издржуваат со една, а него сите три го оплакуваат. И сите се многу убави, привлечни… Нивните ликови се тотално различни, а тоа сега не можете ни да го забележите. Замислете, заедно платија се што требаше за погребот! Да не знае човек дали да се прекрсти на лево или на десно!

Роднините велат дека не знаат како ги поделиле трошоците, но сите три дошле да го подмират долгот и се договориле.

-Заедно отидоа на гробишта по погребот, а сега заедно подготвуваат и седумдневен спомен – ни велат со неверување.

Единственото нешто за кое не се договориле лесно, а за кое Курир веќе пишуваше е чие име ќе стои прво покрај имињата на трите деца на изводот на смртта. На крајот решиле да не вклучат ниту едно од нив, туку да ги наведат само децата како членови на ужаленото семејство.