Три дена пловел во магла, а потоа снимил сцена која го фасцинира светот: Ова не смеете да го пропуштите (ФОТО)

Британскиот аматерски фотограф Нима Сарихани е добитник на престижната награда Wildlife Photographer of the Year People’s Choice Award (WPY) создадена за време на истражување на норвешкиот архипелаг Свалбард.

За неверојатната фотографија како најдобра гласале вкупно 75.000 љубители на природата, а авторот го нарекол „Леден кревет“.

Нима бараше поларни мечки три дена , пловејќи со експедициски брод низ густа магла, кога била донесена одлука да се смени правецот.

Потоа наишле на две мечки, а едната се качила на санта мраз и заспала. Глетката снимена од фотографот навистина го одзема здивот.

„Тоа е фасцинантно и шокантно во исто време, и дава увид во убавината и кревкоста на нашата планета. Тоа предизвикува размислување и моќен потсетник за интегралната врска помеѓу животното и неговото живеалиште “, рече д-р Даглас Гур, директор на Природонаучниот музеј.

Авторот изразил благодарност за престижната награда и истакнал дека фотографијата предизвикала силни емоции кај гледачите, пренесува Daily Mail.

На социјалните мрежи можно е да видите нереална сцена, но и други кандидати за наградата.