Три додатоци во исхраната кои придонесуваат за брз метаболизам по 40-тата година

Со секој ден, губењето на тежината може да стане потешко поради губење на мускулна маса и забавување на метаболизмот. Сепак, експертите истакнуваат дека овие предизвици можат да се ублажат со промени во исхраната и додавање на едноставни додатоци во исхраната. Нутриционистот д-р Аканкша Кулкарни издвои неколку ефикасни додатоци кои можат да помогнат во забрзувањето на метаболизмот и губењето на тежината.

Пробиотици

Пробиотиците ја подобруваат рамнотежата на цревната микробиота, што доведува до подобро варење и искористување на хранливите материи.

„Здравата цревна микробиота може да влијае на хормоните поврзани со апетитот и складирањето на масти, олеснувајќи го одржувањето на посакуваната телесна тежина“, вели д-р Кулкарни за SheFinds.

Покрај тоа што го поттикнуваат губењето на тежината, пробиотиците придонесуваат за целокупното дигестивно здравје и ги зајакнуваат одбранбените механизми на телото.

Капсаицин

Капсаицинот помага во разградувањето на мастите и го поттикнува користењето на масните резерви како извор на енергија. „Покрај тоа што го поттикнува согорувањето на мастите, капсаицинот го намалува апетитот и го забрзува внесувањето калории, што го прави корисен додаток за слабеење“, вели д-р Кулкарни. Исто така, има антиинфламаторни својства и може да придонесе за здравјето на срцето и подобра циркулација.

Екстракт од зелен чај

Катехините од екстрактот од зелен чај, особено EGCG, можат да ја зголемат стапката на согорување на мастите, особено за време на физичка активност.

„Екстрактот од зелен чај е популарен поради своите високи нивоа на антиоксиданси, а EGCG особено се издвојува како соединение кое го забрзува метаболизмот и ја стимулира термогенезата, или зголемување на согорувањето на калориите“, заклучува д-р Кулкарни.