Три земји не сакаат да влезат во ЕУ: Не сакаме и точка

Полска, Унгарија и Словачка одлучија да воведат еднострана забрана за увоз на украинско жито и други производи од таа земја.

Тие го направија овој потег откако Европската унија објави дека нема да ги продолжи ограничувањата што ги воведе, а кои истечеа на полноќ.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја поздрави одлуката на ЕУ да не ја продолжи забраната за увоз на жито од Украина и ја нарече пример за вистинско единство и доверба.

Сепак, Полска, Словачка и Унгарија најавија дека ќе воведат свои забрани по одлуката на ЕУ да ја укине мерката.

Зеленски рече дека доколку соседните земји го прекршат правото на ЕУ, „Украина ќе одговори на цивилизиран начин“.

„Сега е важно европското единство да функционира и на билатерално ниво. За соседите да и дадат поддршка на Украина за време на војната“, објави Зеленски на социјалната мрежа „Телеграм“ по разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула. фон дер Лајен.

Полска воведува забрана за украинските житарки, а Унгарија забранува 24 производи од Украина, вклучувајќи житарки, зеленчук, неколку месни производи и мед, објави Ројтерс.

„Ќе ја продолжиме таа забрана и покрај несогласувањето на Европската комисија. Ќе го направиме тоа бидејќи тоа е во интерес на полските фармери“, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Унгарската влада донесе декрет со кој се забранува увоз не само на украинско жито, туку и на голем број други земјоделски производи.

Словачкиот министер за земјоделство Јозеф Береш исто така потврди дека Словачка продолжува со сопствената забрана за увоз на украинско жито.