Позира гола и ќелава: Првата кампања на Бела Хадид по болеста ги поместува сите граници 

Манекенката Бела Хадид привлече големо внимание со фотографиите за новата кампања.

Бела Хадид позираше целосно ќелава во новата Heaven кампања на Марк Џејкобс за колекцијата есен 2023 година, додека за некои фотографии дури и се соблече гола.

Неочекуваната трансформација не беше единствената впечатлива работа во целата кампања. Имено, Бела навидум се телепортирала во нова галаксија носејќи неколку научно-фантастични парчиња.

„Колекцијата есен 2023 оддава почит на култните и сакани Кики чизми“, се вели во соопштението на модната куќа, „претставувајќи го Kiki Group, асортиманот на облеки и додатоци“.

На друга фотографија се гледа како таа позира целосно гола само со скулптурална сребрена манжетна за уши. Правејќи ја сликата уште пострашна и похорор филм, Бела имаше сребрени пипала што „растеа“ од нејзиниот рбет.

Ова е и големо враќање на Хадид по петмесечна пауза поради Лајмската болест.