Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, но според американските статистичари тоа е Мексико.

Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД.

Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во 2001 година, таа стана сè поважен играч во надворешната трговија, а во 2014 година стана и трговски партнер број еден на Америка (наместо Канада), пренесува seebiz.

Сепак, неодамна имаше зголемено триење меѓу двете најголеми светски економии откако администрацијата на Трамп воведе повеќе царини за кинески стоки во 2018 година.