Три земјотреси ја погодија Србија

Три послаби земјотреси денеска во попладневните часови ја погодија Србија.

Првиот, со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Нови Пазар, вториот во Бор од 2 степени според Рихтеровата скала и третиот, повторно во Нови Пазар и воедно најсилниот – од 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, првиот го затресе тлото во 10 часот и 33 минути, потоа во 12 часот и 43 минути, а третиот само минута подоцна.

Првиот регистриран земјотрес бил на длабочина од 11 километри, вториот на 5, а третиот на најниската длабочина од само 2 километри.