ТРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД – Поранешната сопруга на Кличко си ја отвори душата за зависноста од алкохолот: “Се удавив, во еден момент сфатив дека е доста!“

Американската актерка Хајден Панетиер (33 г.) ја доби својата ќерка Каја во 2014 година со нејзиниот поранешен партнер, украинскиот боксер Владимир Кличко. По породувањето на актерката и била дијагностицирана постпородилна депресија поради која таа се насочила кон алкохолот.

Толку многу луѓе ми кажуваа како да живеам. Сакав сама да донесам одредени одлуки и никој не можеше да ме спречи во тоа. Она што го внесував во моето тело беше нешто како задоволство“, изјавила таа за British Women’s Health.

Некои луѓе вежбаат. Би сакала и за мене тоа да биде механизам за справување. Алкохолот може да направи да се чувствувате подобро во моментот, но следниот ден ќе се чувствувате многу полошо и така натаму“, објаснила таа.

Владимир Кличко и Хајден Панетиер

Морав да пијам антидепресиви поради постпородилна депресија, но тие не одат добро со алкохолот, а не бев подготвена да престанам да пијам“, изјавила Хајден, која на крајот решила да се пријави на рехабилитација во 2015 година.

Се удавив од алкохол“, рекла актерката. 

Кога наполнила 30 години, таа се нашла во програма од 12 чекори каде што учесниците се охрабруваат да прифатат живот на целосна апстиненција од работи кои влијаат на мозокот, вклучувајќи го и алкохолот.

Како телото да ми кажа: Доста е. Имав 30 години, лицето ми беше отечено, имав жолтица, очите ми пожолтеа, морав да одам на специјалист за црниот дроб, се здебелив, косата ми паѓаше“, се присетила таа.

Осум-месечната работа на себе се исплатила за актерката која конечно била подготвена да се врати на актерството по четири-годишна пауза.

Голем дел од мојата терапија беше живеењето во простување. Чекор во програмата од 12 чекори е простувањето. Ако некој сака да биде добар човек и да биде најдобрата верзија од себе, може да го избере тоа“, кажала таа.

Меѓутоа, кога таа требала да се врати на екраните, нејзиниот брат Јансен починал на 19. февруари 2023 година на 28-годишна возраст. Но, и покрај тагата, актерката остана посветена на закрепнувањето.