Трогателни слики пред куќата на Метју Пери се менуваат од ден на ден: Еден детаљ привлекува посебно внимание (ФОТО)

Метју Пери беше погребан за време на викендот во Лос Анџелес, а пред куќата во која живееше и каде беше пронајден мртов, неговите обожаватели продолжуваат да оставаат цвеќиња, свеќи, подароци, фотографии и емотивни пораки за да му оддадат почит на саканиот актер.

Заедно со букетите, на влезот во куќата беа оставени фотографии од актерите од „ Пријатели “, разни кадри од сцените во кои е ,,Чендлер” , цртеж на Бетмен кој Метју го обожаваше а големата чорапа со ликот на Пери која виси на вратата привлекува најмногу внимание.

Ангажирано е и обезбедување да следи кој и кога доаѓа пред куќата, а автомобилот на актерот сè уште е на паркингот.