БЕРЛУСКОНИ ПОЧИНА, А АКЦИИТЕ НА НЕГОВАТА КОМПАНИЈА ВЕДНАШ СКОKНАА: Се знае и кој ќе наследи голем дел од неговото богатство!

Поранешниот италијански премиер почина, а акциите на неговата компанија пораснаа.

Акциите на медиумската компанија MFE на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска скокнаа по веста за неговата смрт.

Ова не е знак на непочитување кон починатиот Берлускони, туку пазарна реакција на можниот развој на ситуацијата по смртта на основачот на МФЕ , пренесуваат агенциите.

Имено, шеф на водечкиот италијански комерцијален медиумски сервис MFE е синот на Берлускони од првиот брак, Пјер Силвио Берлускони. Компанијата Фининвест, која припаѓа на тоа семејство, поседува 48 отсто од компанијата MFE, а на чело е ќерката на Силвио, Марина Берлускони.

Поранешниот премиер на Италија е татко на пет деца од два брака. Според италијанскиот закон, децата на Берлускони наследуваат две третини од неговото богатство, подеднакво.

За време на животот на Силвио, тој имал право слободно да определи кому ќе му припадне преостанатата третина од имотот , а тоа ќе се знае дури по отворањето на тестаментот.

Берлускони почина денеска во миланската болница „Сан Рафаеле“, на 87-годишна возраст, откако пред три дена беше хоспитализиран на однапред закажан преглед поврзан со хронична леукемија, пренесоа светските агенции.