Трошоците поголеми од просечната плата

Просечната плата во земјава достигна 36.465 денари или во однос на мај лани просечната плата е зголемена за близу 5.000 денари. Но, и овој пораст е девалвиран со инфлација повисока од десет проценти и ја загуби вредноста за повеќе од 3600 денари.

Просечната плата во земјава достигна 36.465 денари. За една година или во однос на месец мај минатата година просечната плата е зголемена за близу 5.000 денари. Но и ова покачување е заменето со инфлација повисока од десет отсто, што значи дека платата ја изгубила вредноста за повеќе од 3.600 денари или дека покачувањето е близу 1.400 денари. Истовремено, просечната плата која ретко кој ја заработува на крајот на месецот од 36.000 денари не е доволна за покривање на минималната синдикална кошничка вредна близу 50.000 денари. Со други зборови, потребни се 33 илјади денари за покривање на трошоците за храна и домување. На четиричлено семејство во мај му биле потребни 49.025 денари за да ги покрие минималните трошоци.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја подготвува синдикалната потрошувачка кошничка за секој месец, велат дека најмногу пари во месец мај, 19.532 денари, биле потребни за храна и пијалоци, додека за покривање на станбените трошоци биле потребни 13.392 денари. Од останатите трошоци кои се дел од синдикалната кошничка, за превоз се потребни 3.720 денари, за хигиена 3.196 денари, додека за здравствена заштита 821 денари. „Општата кошничка на синдикална потрошувачка достигнува 44.047 денари, додека кога ќе се додадат 4.977 денари за трошоци за живот, односно инфлација, таа е 49.024 денари“,.

Исто така, Индексот на трошоци за живот пресметан по статистика покажува дека овој трошок во мај годинава е поскап за 11,3 отсто во однос на мај лани. Истовремено, индексот на цените на мало во мај бележи пораст од 7,5 отсто во однос на мај лани. Покрај високите трошоци за живот во земјава, платите се борат и да бидат во чекор со високите трошоци за живот. Меѓу најниските плати во земјава се оние во производството на облека со 25 илјади денари, а во производството на храна со близу 29 илјади денари.

Економистите велат дека секогаш кога се во прашање платите, треба да се има предвид дека до израз доаѓа зголемувањето на просечната плата, која во последно време значително се зголемува. Сепак, додаваат дека кога се гледа распределбата на платите во професиите во различни сектори, се забележува дека цените се зголемуваат побрзо од платите. „Во Македонија некаде меѓу 60 и 70 проценти од месечните примања се далеку од просечната плата, а не е мал ниту бројот на оние кои прифаќаат минимална плата“, додаваат економистите. Од Конфедерацијата на синдикати го оспоруваат неодамнешното зголемување на платите за 10 отсто. Оттаму додаваат дека најголема штета од договорот ќе имаат вработените во клучните сектори како образованието, здравството, како и полицијата и армијата, бидејќи не добиле усогласување на платите со минималните за оваа година. затоа добар дел од вработените имаат и до 16 илјади плати,

Јаким Неделков, првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура, кој е дел од Конфедерацијата на синдикати, вели дека покрај најавеното зголемување од 10 проценти, бараат и усогласување на платите со минималната плата. „Но, не гледам некое големо расположение кај надлежните во тој дел. Летово ќе биде топло, не само поради температурите, а есента веројатно ќе биде уште пожешка, доколку не најдеме заеднички договор“, вели Неделков. Од друга страна, од Синдикатот на Клиничкиот здравствен центар во Скопје велат дека доколку до септември нема усогласување и постепено зголемување на платите, ќе има протести. Дополнително, оценуваат дека надлежните треба сериозно да ги разгледаат овие барања, додавајќи дека во Управата за јавни приходи добиле зголемување од 30 отсто,