Тројца амбасадори ќе ги презентираат платформите пред собраниската комисија за надворешна политика

Собраниската комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која тројцата новоименувани амбасадори на земјава за Словенија, Шпанија и Швајцарија ќе ги презентираат платформите за нивната дипломатска активност.

Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се појават Горан Милевски, кој е именуван за амбасадор во Словенија, Едмонд Адеми во Шпанија и Реџеп Демири во Швајцарија.

На дневен ред на седницата на оваа собраниска комисија има уште две точки – Предлог-закон за ратификација на измени и дополнувања на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и Украина и Предлог-закон за ратификација на Протоколот 16. на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.