Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес во 21 часот ќе го започне учеството на Завршниот Мастерс во Торино (од 12 до 19 ноември) против Холгер Руне, каде што е и фаворит.
Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со многу помлади играчи, а покрај Данецот во групата ќе бидат и Јанико Синер и Стефанос Циципас. Доколку ги победи сите, а потоа оствари уште два триумфа во полуфиналето и финалето, српскиот ас ќе биде побогат за 4.801.500 американски долари. Покрај тоа, тој по седми пат во кариерата ќе го освои трофејот на Завршниот Мастерс.
Холгер има скор 2:2 со Новак, а неодамна во неговиот тим се приклучи и Борис Бекер, кој одлично го познава српскиот ас, бидејќи соработуваа со години. Данецот пред овој натпревар објави интересна фотографија на Инстаграм. По пристигнувањето во Торино, Ѓоковиќ разговараше со Руне и неговиот поранешен тренер, а тој остави и саркастичен коментар:
„ Тројца мускетари, три генерации“ , напиша Руне.

Руне вели дека сака да игра со тенисерот број еден во светот.
– Не можете да се надевате дека Ѓоковиќ ќе има лош ден, бидејќи губи веројатно четири до пет натпревари годишно. Единствената желба што може да ја имате е да се обидете да го играте најдобриот тенис, да бидете фокусирани и да го дадете најдоброто од себе. Уживам кога играм против Ѓоковиќ. Неверојатно е да се дели теренот со таква легенда. Секогаш имавме добри натпревари. Последен пат во Париз минатата недела. Морам да учам од тоа и сега да направам нешто малку поразлично за да можам да победам – истакна Руне.