– Тројца работници се повредени во експлозија што се случила синоќа во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара во Скопје.
МВР соопшти случајот бил пријавен околу 00:20 часот. Во експлозијата се повредени Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од с.Долно Количани. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.