34-годишна жена пред неколку дена починала при породување во Здравствениот дом во Брчко . Според информациите кои ги потврди порталот klix.ba, таа во болницата пристигнала со бебе во стомакот кое не давало знаци на живот.
Информацијата за смртта на пациентката и нејзиното неродено бебе ја потврди директорот на Здравствениот дом во Брчко, Емир Османовиќ.
-Вистини се информациите за смртта на мајката и бебето. Всушност, бебето починало уште пред пациентот да дојде во болница. Таа пристигна со бебе кое не даваше знаци на живот во стомакот. Побарав да се подготви детален извештај за случајот, односно за сите спроведени постапки, кој ќе биде достапен по Нова година – изјави Османовиќ.
Триесет и четиригодишната пациентка починала на 25 декември, а зад себе оставила уште четири деца и тоа син и три ќерки.