Тука е погребан Станимир кој е убиен во затвор! Му ја исклучиле струјата, а на вратата му биле напишани четири збора! (ФОТО)
На градските гробишта во Младеновац е погребан Станимир Брајковиќ (74) кој почина во затворот поради страшни повреди, а жителите на зградата во која живеел останале шокирани откако дознале дека нивниот сосед е убиен.
Според станарите, Станимир живеел сам, неговата сопруга одамна починала, а синовите кои претходно го делеле покривот над главата со него се разделиле и тргнале по својот пат.
– Некои го почитуваа, други не, а овде сите го познаваа како Кане молерот, а сакаше да ги вклучи и синовите во бизнисот. Така почнаа сите нивни кавги, по што се разделија – истакна соговорникот на Курир и додаде дека едниот син живеел во Младеновац, а другиот со семејството се преселил во Виена, каде по смртта на татко му со себе го зел и братот.
Станимир не си ги плаќал сметките во последните месеци, поради што му била исклучена и струјата.
– Живееше како што живееше, не плаќаше ништо и му исклучија се што можеа. Своевремено на врата му пишувало: „Не работи ѕвончето, тропај“, логично е да не работи, пари давал само за цигари и алкохол – рекле соседите кои се уште се во шок за тоа дека е убиен Станимир на таков грозоморен начин.
– Што и да беше, не заслужи да умре така. Не беше лош човек, но, добро, во последно време беше сам, но не беше насилен – велат згрозените соседи.
Инаку, Станимир е погребан на градските гробишта во Младеновац. Неговите синови дошле од Австрија да го погребаат, а по 40 дена се вратиле таму.
На гробиштата има крст со неговото име, како и изгорена свеќа и саксија со цвеќе. Таму останаа и шолји за кафе.
Да потсетиме, поради грозоморната психичка, физичка и сексуална злоупотреба на пензионер при што беше убиен, Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага против Среќко С.(20), Саша С.(21) и Далибор П.(21) и по рочиштето им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена поради сомнение дека сториле тешко убиство во соизвршителство.
Несреќниот човек секојдневно добивал шамари, клоци и бил тепан по главата и телото додека бил во истата ќелија од затворот Падинска Скела. И убиениот и осомничените биле зад решетки за прекршочни пријави.