ТУКА СИТЕ СЕ МИЛИОНЕРИ, А СИРОМАШТИЈАТА ЦВЕТА: Штампаат пари без контрола!

Додека развиениот свет се бореше со инфлацијата која достигна и до 15 проценти минатата година, помалку развиените земји живеат со растечки цени со децении. Валутите паѓаат во вредност од ден на ден, а во екстремни случаи се знае дека цените се удвојуваат на секои 24 часа

Една таква земја е Зимбабве, неприкосновен светски шампион во овој поглед, која имаше четири „нови“ емисии на домашниот долар во последните 40 години, но инфлацијата брзо ќе ја урне.


Третиот зимбабвески долар, кој беше воведен во август 2008 година, на пример, имаше деноминации кои се движеа од еден до 100 трилиони долари. Ниту сто трилиони долари во Зимбабве не вредеа многу затоа што инфлацијата беше 98 проценти на ден!

Денеска Зимбабве „ужива“ во многу поповолна ситуација – инфлацијата минатата година, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, изнесуваше 396 отсто.

Второто место го зазема Венецуела, земја богата со ресурси како нафтата, која никако не може да се „поправи“ и во која инфлацијата изнесуваше 250 проценти. На трето место е Судан со стапка на инфлација од 238 отсто, пренесува Тпортал.

Аргентина има стапка на инфлација од 136 отсто, а исто така е една од земјите кои со децении не можат да се оттргнат од лошата навика да печатат пари.

Новиот аргентински претседател Хавиер Мајли им вети на граѓаните конечна пресметка – ќе ја укине локалната валута пезото и ќе го воведе американскиот долар како официјална валута.

Хавиер Мајли
 

Поради домашните слабости, ниту развиената Турција не може да се пофали со ниска инфлација, која лани во таа земја изнесуваше високи 64 отсто, а за повеќето граѓани основните потреби како храна и домување станаа недостижни. Клучниот проблем е домашната валута лира на која веќе никој не и верува и чија вредност во однос на еврото и доларот драстично паѓа, пишува Блиц.