Нутела и нејзината матична компанија „Фереро“ беа основани во малото гратче на северот од Италија, а туристите сè уште тврдат дека целиот град мириса на чоколадо.
Вчера (5-ти февруари) беше одбележан Светскиот ден на Нутела кремот, а неговите љубители секоја година го прославуваат овој датум.
Овој светски познат крем беше создаден во малиот град Алба во северна Италија, познат како родно место на Нутела и Фереро Рошер. Се наоѓа во регионот Пиемонт, кој е познат по својата чоколада, а особено по намазот џандуја – кремастата мешавина од чоколадо и лешници.
![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2025-02/AeeSMBAewM-turistite-tvrdat-deka-nutela-kremot-ima-poinakov-vkus-vo-gradot-vo-koj-se-proizveduva.jpeg)
Тиктокерката Кариса a е една од многуте туристи кои ја посетиле Алба за да пробаат што повеќе производи кои го содржат овој локален специјалитет.
Таа сподели видеоснимка од нејзината посета, велејќи: „Ова е мал град во северна Италија со огромна Фереро фабрика која произведува толку многу Нутела што целиот град мириса на чоколадо. Наводно, Нутелата овде има поинаков вкус“.
Потоа, таа ги покажа уникатните Нутела производи достапни во локалните продавници, вклучувајќи тегли со различни големини, колачи и сладолед, како и пекари кои нудат различни домашни благи со Нутела.
@karissaeats Im half Nutella now #foodie#fyp#nutella#italy ♬ The everyday life – nightwalker
„Сите пекари имаат Нутела кекс и Нутела колачи“, рече Кариса. Сепак, еден производ најмногу ја воодушевил.
„Отидов во четири различни продавници и конечно пронајдов сладолед Нутела, кој има дебел слој Нутела на врвот, а внатре ленти од ладна, крцкава, густа Нутела. Самиот сладолед е како мус – лесен, воздушен и исклучително кремаст“.
Таа му даде висока оцена – девет од десет, а потоа ги проба колачињата „Kinder Delice“ кои ги пронајде во продавницата. Бидејќи ѝ делуваа малку суви, таа ги оцени со седум од десет, пред да продолжи на главната причина за нејзината посета.
„Бев љубопитна да видам дали Нутелата навистина има поинаков вкус овде, и мислам дека има. Погуста е и дефинитивно е помалку блага“, рече тиктокерката.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2025/02/r06LtCJG6y-turistite-tvrdat-deka-nutela-kremot-ima-poinakov-vkus-vo-gradot-vo-koj-se-proizveduva.jpeg)
„Исто така имаат и растителна верзија на Нутела, која е малку поретка и не е толку богата како оригиналот, но сепак е вкусна. Татко ми не смее да јаде млечни производи, така што беше воодушевен“.
Таа проба уште едно благо и рече: „Овие „Kinder Cards“ се како тенки крцкави вафли со супер сладок фил од бело чоколадо, и тие се толку задоволувачко крцкави“.
Кариса го проба и „Tronky“, кој исто така го произведува Фереро. Таа ги опиша како крцкави обланди наполнети со кремаст фил од лешник, а препорача да ги потопите во Нутела за уште подобар вкус, пренесе „Express“.
Тиктокерката ги пофали и локалните пекари откако проба две различни Нутела кекси. „Тука намазот од лешник има многу поинтензивен и побогат вкус отколку во САД. Како вкусот на лешниците буквално да ве удира в лице!“, додаде Кариса.