Турк: Ситуацијата на Западниот Брег се влошува, Израел мора да го почитува правото на живот

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк денеска соопшти дека ситуацијата на окупираниот Западен Брег нагло се влошува, додавајќи дека израелските сили убиле најмалку седум Палестинци, меѓу кои и деца, во бегалски камп.

„Овонеделното насилство на окупираниот Западен Брег ризикува да излезе од контрола, поттикнато од острата политичка реторика и ескалацијата на употребата на напредно вооружување од страна на Израел“, рече Турк.

Во изјава која ја пренесе портпаролот на прес-конференција за ОН, тој го повика Израел да ги усогласи своите постапки со меѓународното право.