Турската амбасада во Скопје со известување за пренесувањето на материјалната помош за настраданите во земјотресот во Турција
Владата, соодветните јавни институции, општините, Црвен крст, стопанските комори, невладините организации и граѓаните искажаа максимална мобилизација со цел на пренесување на материјалната помош од Северна Македонија до регионите на Туркије погодени од земјотресите.
На 9 февруари 2023 во организација на Амбасадата на Република Туркије во Скопје се одржа координативна седница на тема пренесување на материјалната помош до Туркије со учество на долунаведените институции на Северна Македонија:
-Генерален секретаријат на Влада
-Министерство за надворешни работи
-Министерство за здравство
-Царинска управа
-Претседател на ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа)
-Центар за управување со кризи
-Црвен крст
-Претседател на МАТТО
Во продолжение се наведени темите кои треба да се имаат во предвид при пренос на материјална помош до Туркије.
– Црвен крст на Македонија и Заедницата на единици на локална самоуправа се надлежни и во координација за собирање на потребната помош наведена во списокот во прилог, собрана од лица и институции, и пренос на истата до Туркије. Лицата и институциите кои сакаат да пратат материјална помош наведена во списокот во прилог, треба да ги контактираат долунаведените контакт броеви. Помошта собрана од страна на Црвен крст ќе биде доставена до турската Црвена полумесечина.
Црвен крст: Лупка Петковска+389 71 223 897
ЗЕЛС: Ана Гјуроска +389 71 391 167
Весна Арсовска +389 70 364 859
– Правните лице може да пратат материјална помош со царинската декларација наведена во прилог. Деталните податоци се објавени на веб страницата на Царинска управа на Северна Македонија (http://customs.gov.mk). Во таа насока, потребно е да се стапи во контакт со Царинска управа и Советништво за трговија при Амбасада на Р.Т. во Скопје преку долунаведените контакт информации.
Царинска управа на С. Македонија:+389 77 709 848
+389 71 248 156
Централа на Советништво за трговија при Амбасада на Р.Т. во Скопје:+ 389 2 322 40 10
Е-пошта на Советништво за трговија при Амбасада на Р.Т. во Скопје:[email protected]
– Во прилог се доставува информативната белешка за царинските процедури кои треба да се следат при транспорт на материјална помош до Туркије преку Бугарија.
– Се замолуваат правните лица да достават податоци за содржината на материјалната помош до Амбасада на Република Туркије во Скопје.
Е-пошта на Амбасада на Република Туркије во Скопје:[email protected]
– Се очекува материјалите кои ќе се испратат во вид на материјална помош да бидат нови, пакетирани, согласно зимските услови и на пакетите на турски јазик јасно биде напишано видот на материјалната помош.
– На самиот пакет како примач на материјалната помош во Туркије во вид на етикета треба да се наведе “Ankara Sosyal Yardımlaşma ve Dayanışma Vakfı”.
Материјалната помош која ќе биде пратена по копнен пат, во Ипсала и Капикуле ќе бидат прифатена во центрите на собирање помош на Вилајетот на Едрене. На следниот линк може да го најдете списокот на центрите за собирање помош:http://www.edirne.gov.tr/deprem-yardim-kampanyasina-iliskin-basin-duyurusu.
Амбасада на Република Турција во Скопје