Министерството за одбрана на Туркије извести дека на барање на Здружената команда на НАТО, распореден е баталјон командоси во Косово, а започнати се и подготовките за префрлање на турските војници во касарната „Султан Мурат“ во Косово до 5 јуни.
Министерството за национална одбрана на Туркије извести дека на барање на Здружената команда на НАТО по настаните на Косово, распореден е баталјон командоси во Косово, а започнати се и подготовките за префрлање на турските војници во касарната „Султан Мурат“ во Косово до 5 јуни.
Во писменото соопштение на турското Министерство во врска со случувањата во Косово, се наведува дека Туркије продолжува да придонесува за регионалниот и глобалниот мир и стабилност во рамките на своите мисии во ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ и во билатералните односи.
Во тој контекст, во соопштението, наведувајќи дека со внимание се следат и случувањата на Балканот, кој има заеднички историски и културни вредности со Туркије, се истакнува:
„Туркије зазема конструктивен став и ги повикува страните на воздржаност и преку дијалог да изнајдат решение за неодамнешните настани во пријателскиот и братски северен дел на Косово, кои им штетат на безбедноста и стабилноста на регионот. Врз основа на барањето на Здружената команда на НАТО/Неапол (Италија) по случувањата во Косово, како резервна единица е распореден баталјон командоси, кои се дел од командата на 65-тата Механизирана пешадиска бригада на Туркије, претходно распоредени како дел од силите на НАТО на Косово. Започнати се неопходните подготовки за префрлање на нашата доделена единица до 4-5 јуни 2023 година во касарната ‘Султан Мурат’ што се наоѓа во Косово.“